0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

УЕФА може да донесе иновативно решение во обид да ја комплетира ЛШ и ЛЕ

Различни медиуми пишуваат дека оваа средба ќе донесе одлука за одложување на ЕП 2020 за една година. Сепак, УЕФА има нова идеја во обид да ги заврши годишните евротурнири навреме и преостанатите кола да се одиграат во еден натпревар, веројатно на неутрален терен.

Нион, 14 март 2020 (МИА) – УЕФА може да донесе досега невидена одлука за преостанатите дуели во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, пренесува „Мирор“ денес. Европската фудбалска централа се собира во вторник да разговара за иднината по прекинот на повеќето големи првенства, вклучувајќи ги и оние во Англија, Шпанија, Германија и Франција.

Различни медиуми пишуваат дека оваа средба ќе донесе одлука за одложување на ЕП 2020 за една година. Сепак, УЕФА има нова идеја во обид да ги заврши годишните евротурнири навреме и преостанатите кола да се одиграат во еден натпревар, веројатно на неутрален терен.

Лигата на шампионите и Лигата на Европа се во осминафинална фаза, но тие се одложени во обете натпреварувања и не е јасно кога ќе се играат. Ова ја поттикна оваа иновативна идеја, која може да спаси некои дуели и, доколку е можно, да предизвика голем интерес на гледачот заради спектаклот, да се реши сè само на еден натпревар.

Според програмата, последниот натпревар од Лигата на шампионите ќе се одржи на 30 мај во Истанбул, а оној од Лигата на Европа три дена порано во Гдањск.

Таг
Back to top button
Close
Close