0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

УЕФА го одреди форматот на квалификациите за СП 2022

Европската фудбалска асоцијација определи како ќе се играат квалификациите за Светското првенство кое на крајот на 2022 година ќе се игра во Катар.

Нион, 18 јуни 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација определи како ќе се играат квалификациите за Светското првенство кое на крајот на 2022 година ќе се игра во Катар.

Во соопштението на УЕФА се вели дека квалификацискиот турнир ќе се состои од 10 групи. Победникот од секоја група ќе добие билет за Мундијалот директно. Екипите кои ќе бидат втори, како и двете најдобри екипи од Лигата на нации ќе учествуваат во плеј-офот, каде ќе се одредат добитниците на уште билети за СП.

Планетарниот фудбалски собир во 2022 година ќе се одржи во Катар од средината на ноември до средината на декември. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close