0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

УЕФА ги олесни правилата за финансиски надзор на клубовите

Рестартирањето по долгата пауза, која траеше повеќе од три месеци за повеќе од водечките првенства, е скоро секаде без публика, од која екипите губат стотици милиони евра во потенцијални приходи.

Нион, 18 јуни 2020 (МИА) – УЕФА привремено ги олесни правилата за финансиско следење на клубовите како резултат на кризата поврзана со пандемијата од коронавирус. Фудбалската сезона во Европа беше прекината во март поради ширењето на КОВИД-19.

Рестартирањето по долгата пауза, која траеше повеќе од три месеци за повеќе од водечките првенства, е скоро секаде без публика, од која екипите губат стотици милиони евра во потенцијални приходи.

– Веруваме дека ефектот на пандемијата ќе влијае на финансиите на клубовите во 2020 и 2021 година и затоа презедовме мерка да ги олесниме правилата за финансиски фер-плеј со воведување на специфични „Ковид-19“ регулативи, велат од централата.

УЕФА ги советува националните федерации да го затворат летниот преоден рок до 5 октомври, а не како до сега на 31 август. Новиот датум е ден пред крајниот рок за потврдување на учеството на екипите во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, која започнува на 20-22 октомври, што е еден месец подоцна од вообичаеното.

УЕФА, исто така, го продолжи за еден месец до крајот на јули периодот во кој клубовите кои ќе учествуваат на Европските турнири мора да докажат дека немаат заостанати обврски во однос на платите, даноците и социјалното осигурување и трансферите.

Таг
Back to top button
Close
Close