0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

УЕФА ги номинира претендентите за награди во ЛШ за сезона 2020/21

Европската фудбалска асоцијација, денес ги објави имињата на конкурентите за наградите во Лигата на шампионите за сезоната 2020/21.

Нион, 13 август 2021 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација, денес ги објави имињата на конкурентите за наградите во Лигата на шампионите за сезоната 2020/21.

Секоја позиција има по три кандидати за признанието. Ќе се избираат најдобар голман, дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач.

Во најтесниот избор на УЕФА се најдоа:

Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едуард Менди (Челзи), Едерсон (Манчестер сити).

Одбрана: Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер сити), Антонио Рудигер (Челзи).

Средниот ред: Кевин де Брујн (Манчестер сити), Жоржињо (Челзи), Нголо Канте (Челзи).

Напаѓачи: Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Килијан Мбапе (ПСЖ), Ерлинг Холанд (Борусија Дортмунд). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close