0_Спорт.ПорталФудбал

УЕФА ќе ја симне дисквалификацијата на Манчестер сити во Лигата на шампионите

Европската фудбалска федерација излезе со официјално соопштение за ситуацијата со Манчестер сити кој денес на суд беше ослободен од дисквалификацијата за европските купови, поради кршење на правилата за финансискиот фер-плеј.

Нион, 13 јули 2020 (МИА) – Европската фудбалска федерација излезе со официјално соопштение за ситуацијата со Манчестер сити кој денес на суд беше ослободен од дисквалификацијата за европските купови, поради кршење на правилата за финансискиот фер-плеј.

– УЕФА ја регистрира одлуката на Арбитражниот суд за спорт да ги намали санкциите изречени на Манчестер сити. Судот смета дека нема доволно убедливи докази за да се поддржат сите наоди во овој конкретен случај и дека многу од наводните прекршувања биле временски ограничени заради петгодишниот период предвиден во регулативата на УЕФА. Во текот на изминатите неколку години, ФФП игра значајна улога во заштитата на клубовите и помагајќи им да постигнат финансиска одржливост, додека УЕФА и ЕЦА остануваат посветени на своите принципи.

УЕФА повеќе нема да го коментира ова прашање, се вели во соопштението на европската федерација.

Манчестер сити ќе смее да игра во Лигата на шампионите, но ќе мора да плати парична казна во висина од 10 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close