0_Спорт.ПорталФудбал

УЕФА ја сели ВАР собата во Лигата на шампиони во Нион

УЕФА воведе измени поврзани со користењето на видео технологијата во Лигата на шампиони, информирајќи дека таканаречената ВАР соба во иднина наместо од „лице место“ на самиот стадион ќе работи од централата на Европската куќа на фудбалот во Нион.

Нион, 1 декември 2020 (МИА) – УЕФА воведе измени поврзани со користењето на видео технологијата во Лигата на шампиони, информирајќи дека таканаречената ВАР соба во иднина наместо од „лице место“ на самиот стадион ќе работи од централата на Европската куќа на фудбалот во Нион

Првиот натпревар во Лигата на шампиони на кој ВАР собата од седиштето на УЕФА во Швајцарија ќе асистира при евентуални спорни моменти на теренот ќе биде мечот  в среда на стадионот „Рамос Санчес Писхуан“ помеѓу Севиља и Челси, 

-Успешно го тестиравме ВАР системот, кој ќе може да работи и од далечина. Судијата на теренот ќе има помош од ВАР собата во Нион, соопшти УЕФА. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close