0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Ќучук: Изборите ќе ја одредат рамката за европерспективата на земјата

Претстојните предвремени парламентарни избори се многу важни бидејќи ќе ја одредат рамката за европската перспектива на земјата, оценува Илхан Ќучук, известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија во интервју за Јуропеан Вестерн Балкан.

Брисел, 29 јануари 2020 (МИА) – Претстојните предвремени парламентарни избори се многу важни бидејќи ќе ја одредат рамката за европската перспектива на земјата, оценува Илхан Ќучук, известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија во интервју за „Јуропеан Вестерн Балкан“.

Тој очекува Владата што ќе биде формирана по изборите да го продолжи европскиот пат и започнатите реформи и потсетува дека земјата во изминатите две години направи тешки компромиси, покажа политичка храброст и визија, го реши спорот за името и воспостави добрососедски односи, со што повеќепати докажа дека му припаѓа на европското семејство.

Клучни приоритети и на постизборната влада, според него, треба да бидат владеењето на правото, борбата со корупцијата.

Ќучук не очекува пробламатизирање на изборите, како што е случај во некои од земјите во регионот, укажувајќи дека Договорот од Пржино кој беше донесен како политички компромис, е клучниот фактор што ја разликува Северна Македонија од нејзините соседи.

Бугарскиот евроратеник и известувач на ЕП за Македонија, кој в петок доаѓа во Скопје во рамки на „Жан Моне“ процесот, смета дека на земјите од Западен Балкан мора да им се даде јасна европска перспектива врз основа на нивните постигнувања.

– Една од грешките што ги направи ЕУ во последните години е тоа што не ги гледаше внимателно сигналите што доаѓаа од регионот. Пристапниот процес беше воведен од ЕУ како водилка на земјите за обврските што треба да ги исполнат. Неопходно е регионот да добие потврда за неговата европерспектива, вели Ќучук.

За францускиот предлог за промена на методологијата за проширување, Ќучук вели дека забелешките на Париз треба да бидат разгледани, како и предлозите што доаѓаат и од други земји членки на Унијата.

– Дебата за реформа на преговарачкиот процес треба да има, но мора да е јасно оти интеграцијата на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ нема алтернатива. ЕУ секогаш им кажувала на земјите од Западен Балкан дека е строга, но фер. Тие можеа да се уверат во нејзината строгост, но сега е време да бидат убедени и дека е фер. Европскиот парламент и Европската комисија во своите извештаи јасно кажаа дека Северна Македонија целосно ги исполни условите за отворање на преговорите со ЕУ, но дискрепанцијата настана во Советот на ЕУ каде што се носат одлуките, истакнува Ќучук.

Во земјите од регионот, вели Ќучук, се уште има проблеми, но ЕУ не може да дејствува само со охрабрувачки пораки без конкретни акции, бидејќи ризикува губење на кредибилитетот и слабеење на проевропските сили. Затоа веќе не смее да се чека и мора да се поправи грешката на Европскиот совет од октомври лани, нагласува известувачот на ЕП за С.Македонија во интервујот за „Јуропена Вестерн Балкан“. са/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close