0_Web_Актуелно0_Спорт.ПорталФудбал

Учеството на македонската фудбалска селекција на ЕП, најубавата и најголема реклама за Северна Македонија во франкофонскиот и францускиот печат

Како никогаш досега од независноста на Македонија, не се пишувало толку многу и на позитивен начин за неа во француските и франкофонските медиуми. Благодарејќи на фудбалската селекција, која успеа по прв пат да се избори за учество на ЕВРО 2021, земјата како што знаат да напишат француските новинари „конечно се најде на картата на Европа и на Светот“.

Париз, 13 јуни 2021 (МИА) – Како никогаш досега од независноста на Македонија, не се пишувало толку многу и на позитивен начин за неа во француските и франкофонските медиуми. Благодарејќи на фудбалската селекција, која успеа по прв пат да се избори за учество на ЕВРО 2021, земјата како што знаат да напишат француските новинари „конечно се најде на картата на Европа и на Светот“.

Како што јавува дописникот на МИА, не можат да се избројат вестите, репортажите и статиите посветени на избраниците на Игор Ангеловски, предводени од легендарниот капитен Горан Пандев. Би биле потребни десетици страници за да се резимираат сите пишувања, започнувајќи од сериозните национални изданија како „Ле Монд“, „Ле Фигаро“ или „Либерасион“, преку регионалните весници и интернет порталите, се до спортскиот дневен лист „Л’Екип“.

Екипата на С Македонија со Финска се можеби на хартија „најслаби“ и „нови“ на едно европско првенство, коментира радиото „Еуроп 1“ и продолжува: Тие никогаш не се квалификувале на големо меѓународно натпреварување и не беа очекувани за ова Еуро 2020. Финска и Северна Македонија, кои се во групите Б и Ц се без голема ѕвезди, но не и без амбиции.

Ова се првите две изненадувања на ова евро. Финска и Северна Македонија го играат своето прво европско натпреварување, а во исто време и првиот голем меѓународен настап. Овие две нации го искористуваат проширувањето на еврото на 24 екипи за да се поканат меѓу великаните. Додека Финска се претстави добро во квалификациите, завршувајќи втора во својата група зад Италија, Северна Македонија мораше да мине низ разигрувањето за да се пласира во финалето. Притоа Европа 1 ги претставува овие две нации подготвени да изненадат.

За „Либерасион“ Северна Македонија е мултиетничка земја и тимот ја одразува оваа реалност“. Односно и покрај етничкото ривалство, особено меѓу Македонците и Албанците, спортскиот новинар Огнен Дојчиновски за „Либерсаион“ ја објаснува кохезијата што постои во тимот за неговите први квалификации на Европското првенство.

На иста бранова должина е и „Со ФООТ“ : „Ден Д за Северна Македонија“-  Земјата на Горан Пандев е пред скок во „големата бања“ на завршницата на својот прв меѓународен турнир кога ќе се соочат со Австрија оваа недела (18 часот). Тие воопшто не се фаворити, Рисовите веќе постигнаа нешто големо: обединување на земјата околу нешто заедничко м неоспорниот македонски симбол. Дури и ако, како и често, само фудбалот нема да биде доволен за решавање на сите проблеми на поранешната југословенска република.

„Дофине Либере“ пишува за Големата премиера на Северна Македонија. „Ле Монд“ дава детални информации за „Се што сакате да дознаете за екипата на „црвено жолтите“ за „Црвените Лавови“ на Северна Македонија“. „Ле Монд“ прави исто како и други француски медиуми портрет на Горан Пандев, кој за „Л’Екип е лидерот за Еврото. Горан Пандев, е „капитанот пламен“ на Северна Македонија на 13 јуни, скоро 38 години, повеќе од половина ги мина терените во Серијата А, конечно ќе дебитира во големо натпреварување. Со Северна Македонија, од кој тој е капитен, највисок играч и најдобар стрелец. „Л’Екип“  го споредува со Либериецот Џорџ Веа, Финецот Јари Литманен, Панамецот Хулио Сесар Дели Валдес … На спомнувањето на овие имиња, Горан Пандев се насмевнува зад плексигласот фиксиран на сред маса на тренинг центарот во Џенова. 37-годишниот напаѓач веднаш разбира каде сакаме да го однесеме: во оваа категорија на фудбалери кои, како него, ја ставија нивната земја на фудбалската мапа. Тој е Северна Македонија, квалификуван за прв пат во својата историја на меѓународен натпревар, земја за која тој е еден од најголемите амбасадори, дури и надвор од границите на спортот, пишува спортски весник.

Ле „Монд“ од своја страна предупредува: од нејзината независност, Северна Македонија никогаш не се натпреварувала на Еврото. Сепак, македонски играч веќе учествувал во финалето на ова натпреварување. Но, во дресот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, бидејќи голманот Благоје Видиниќ играше во финалето на изданието во 1960 година. Она на првото издание: пораз со 2-1 против Советскиот Сојуз, среде Париз, на Паркот на принцовите, пред околу 17 000 гледачи. „Ле Монд“ повикува и на квиз за Македонија, потсетувајќи на македонската гастрономија со „Тавче гравче и домашна мастика“.

Ова се само дел од извадоците од францускиот печат за првото учество на едно европско фудбалско првенство, што доволно зборува за важноста на најважната споредна работа на светот – фудбалот и неговото влијание во светот. тг/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close