Дописници МКДОпштински вести

Учесниците во бизнисот со свадби од истокот и југоистокот побараа протоколи за работа

Музичари, сниматели, фотографи, сопственици на цвеќарници, ресторани  и фирми за осветлување од Штип, Струмица, Радовиш, Пробиштип, Берово и Делчево попладнево мирно протестираа на Градскиот плоштад „Слобода“ - Штип. Под мотот „Музика сега“ го повикаа министерот за здравство, Венко Филипче и Комисијата за заразни болести да направат протокол за свадбени веселби, по којшто сите ќе се придржуваат во интерес на колективното здравје.

Штип, 26 јуни 2020 (МИА) – Музичари, сниматели, фотографи, сопственици на цвеќарници, ресторани  и фирми за осветлување од Штип, Струмица, Радовиш, Пробиштип, Берово и Делчево попладнево мирно протестираа на Градскиот плоштад „Слобода“ – Штип. Под мотот „Музика сега“ го повикаа министерот за здравство, Венко Филипче и Комисијата за заразни болести да направат протокол за свадбени веселби, по којшто сите ќе се придржуваат во интерес на колективното здравје.

Горан Тодороски музичар од Штип вели дека од февруари на сите кои се во овој свадбен бизнис буџетите им се истенчени.

-Пред три дена на 26 јуни во службен весник излезе една одредба дека е забрането организирање на свадбени веселби, родендени и собири било какви на отворено и на затворено, е токму заради таа одредба сме ние овде денеска, бидејќи контрадикторно на целата таа ситуација следува и  отварање на границите без тестови, отварање на теретаните и отварање на казината. Што е и контрадикторно на целата оваа наша ситуација, рече Тодороски.

Јорданчо Тонев вели дека музичарите и сите кои се вклучени во свадбениот бизнис велат дека не претставуваат опасност за гостите во угостителските објекти, бидејќи и претходно на веселбите биле поставени посебно од гостите и вработените во овие објекти.

-Ние само бараме да ни се овозможи чесно да обезбедиме егистенција за нашите семејства, вели Тонев.

На денешниот мирен протест упатија и порака дека доколку не се донесе протокол и за нив за да можат да работат ќе ги бојкотираат претстојните избори. Протестот се одржа според здравствените протоколи држејќи дистанца од два метра, со заштитни маски, а со аплуз дадоа и поддршка на протестот кој го најавуваат музичарите и сите кои се вклучени во бизнисот со свадби во Скопје во недела.вдј/бт/

Back to top button
Close
Close