0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Почнува второто полугодие од учебната 2019/2020 година

По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година.

Наставата ќе продолжат да ја следат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20 000 првачиња.

Наставниците продолжуваат да работат со повисоки плати од јануари за 10 отсто, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука. хс/бак/

Back to top button
Close
Close