Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Ученици и наставници од БиХ во изолација по посета на Италија

Голема група ученици и наставници од Грачаница во Босна и Херцеговина, како и еден возач на автобус, кои минатата недела биле во посета на Италија, каде веќе починаа 11 лица од Ковид-19, ставени се во домашна изолација по одлука на жупаниските власти во Тузла. 

Сараево, 25 февруари 2020 (МИА) – Голема група ученици и наставници од Грачаница во Босна и Херцеговина, како и еден возач на автобус, кои минатата недела биле во посета на Италија, каде веќе починаа 11 лица од Ковид-19, ставени се во домашна изолација по одлука на жупаниските власти во Тузла.

На возачот, кој по тродневен престој во Италија се пријавил во здравствена установа поради воспаление на грлото,  му е земен брис и испратен е на анализа во Сараево. Потоа возачот, заедно со децата и наставниците е испратен во домашна изолација во траење од 14 дена, потврди денеска министерската за здравство на тузланската жупанија Дајана Чолиќ.

Мешутоа учениците не беа подложени на тестови бидејќи немале ниту еден симптом кој би укажал на евентуална зараза со коронавирус. ссм/

 

Back to top button
Close
Close