Дописници МКДНекатегоризираноОпштински вести

Ученици донираа елка, лампиони, средства за лична хигиена и новогодишни пакетчиња во Мал групен дом Кавадарци

Ученици донираа елка, лампиони, средства за лична хигиена и новогодишни пакетчиња во Мал групен дом Кавадарци, во кој престојуваат деца во ризик.

Кавадарци, 23 декември 2020 (МИА) – Ученици донираа елка, лампиони, средства за лична хигиена и новогодишни пакетчиња во Мал групен дом Кавадарци, во кој престојуваат деца во ризик.

-Во пресрет на Новогодишните и Божиќни празници,  по иницијатива на учениците од V-3 одделение при  ООУ „Тошо Велков-Пепето“ одлучивме да ја донираме нашата новогодишна елка и лампиони кои ја красеа нашата училница изминативе пет години. Покрај тоа, учениците спремија и пакети со средства за лична хигиена и новогодишни  пакетчиња,  појасни одделенскиот наставник Клаудија Ангелова.

Таа доаде дека хуманоста е широк поим,  што значи да се помага секогаш и во секој момент,  кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност

-Хуманоста е одлика на духовно богатите луѓе. Хуманоста ја отсликува големината на еден човек. Таа е најчовечната особина, доблест за секој поединец. Таа е дел од принципите на еден граѓанин. Секој еден од моите ученици ја има во себе. Горда сум на нив, нагласи Ангелова.

Ангелова истакна дека убаво е чувството,  барем за миг да се изнуди насмевка на нечие лице. свд/ки

Back to top button
Close
Close