0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Убиство во Инџиково, убиецот барал пари

Жител на скопско Инџиково ноќеска е убиен во својот дом пред сопругата од две маскирани лица.

Скопје, 14 август 2020 (МИА) – Жител на скопско Инџиково ноќеска е убиен во својот дом пред сопругата од две маскирани лица.

Како што соопшти МВР, синоќа еден час пред полноќ М.Н. пријавила дека во двор од куќа во село Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него. Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот. бк/са/

Back to top button
Close
Close