0_Спорт.ПорталФудбал

Јубилеен 100. гол за Варди во Премиер лигата

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, постигна гол против Кристал Палас во 77. минута од денешниот натпреварот од 33. коло од шампионатот на Англија.

Лестер, 4 јули 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, постигна гол против Кристал Палас во 77. минута од денешниот натпреварот од 33. коло од шампионатот на Англија.

Средбата се одигра во Лестер на стадионот „Кинг Пауер“.

За 33-годишниот англиски фудбалер, овој погодок беше 100. во Премиер лигата.

Варди игра за Лестер од 2012 година. Заедно со „лисиците“, напаѓачот стана шампион на Англија во сезоната 2015/16. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close