Избрано

Јубилејни 75 години од битката за Иво Џима: За 36 дена погинале околу 28.000 војници

Неделава се одбележуваат 75 години од почетокот на битката за Иво Џима, мал оддалечен јапонски остров на кој се одиграла една од најкрвавите битки во Втората светска војна. 

19 февруари 2020 

Индекс.хр

Неделава се одбележуваат 75 години од почетокот на битката за Иво Џима, мал оддалечен јапонски остров на кој се одиграла една од најкрвавите битки во Втората светска војна.

Островот Иво Џима бил првата јапонска територија на која стигнале сојузничките сили 

Иво Џима, остров со површина од само 21 квадратен километар, оддалечен 1.200 километри од Токио, бил првата јапонска територија на која пристигнале сојузничките сили. Сместен меѓу јапонската престолнина и Гуам, островот бил сметан за стратегиски важна точка.

Во текот на 36 дена борби на островот погинале околу 7.000 американски маринци и речиси сите јапонски бранители, околу 21.000. Јапонската војска на добро утврдениот остров пружала отпор повеќе од еден месец, засилена со мрежа од бункери, тунели и тајни артилериски позиции.

Американското бомбардирање го смени обликот на врвот на островот

Од 19 февруари 1945 година повеќе од 500 американски воени бродови и илјадници авиони го гаѓале Иво Џима со толкава жестина што бомбардирањето го сменило обликот на највисоката точка на островот, врвот Сурибаши, висок 169 метри.

Во бомбардирањето пред инвазијата бил користен и бел фосфор, а американските сили во текот на битката користеле и фрлачи на пламен.

Врвот Сурибаши бил освоен на 23 март, а тогаш настанала и култната фотографија на шестемина американски маринци кои го креваат американското знаме на ридот. Авторот на фотографијата Џо Розентал, вработен во агенцијата Асошиејтед прес, истата година за оваа фотографија ја добил Пулицеровата награда.

Иво Џима бил вратен на Јапонија во 1968 година 

Иво Џима од американски во јапонски раце бил вратен во 1968 година и оттогаш е дом за околу 400 припадници на јапонската морнарица и на воздухопловните сили кои управуваат со тамошната воздухопловна писта.

 

Иво Џима одбележувањеСекоја година се одржуваат заеднички американско-јапонски церемонии на потсетување. Првиот јапонски цар кој присуствувал на ваква церемонија бил Акихито во 1994 година, а прв премиер бил Јунихиро Коизуми во 2005 година. сд/

Back to top button
Close
Close