Svet.SlajderСветСвет.Портал

Убиен лидерот на Ал Каеда во Јемен

Терористичката група Ал Каеда потврди дека е убиен нејзиниот лидер на Арапскиот Полуостров, Касим ал-Рајми, соопштено е на интернет страницата „Сајт“.

Сана, 23 февруари 2020 (МИА) – Терористичката група Ал Каеда потврди дека е убиен нејзиниот лидер на Арапскиот Полуостров, Касим ал-Рајми, соопштено е на интернет страницата „Сајт“.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД го убиле Ал Рајми во антитерористичка операција во Јемен.

САД сметаат дека Ал Каеда на Арапскиот Полуостров е еден од нејзините најопасни ограноци. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close