0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакометРезултати

Убедливи победи за фаворитите на третиот ден од струшкиот ракометен турнир

На традиционалниот ракометен турнир во Струга во текот на денешниот ден се одиграа три натпревари на кои сигурни победи забележаа екипите кои важеа за апсолутни фаворити.

Струга, 14 август 2020 (МИА) – На традиционалниот ракометен турнир во Струга во текот на денешниот ден се одиграа три натпревари на кои сигурни победи забележаа екипите кои важеа за апсолутни фаворити.

Резултати:
Струга – Металург 24:35
Еурофарм Пелистер – Прилеп 38:17
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 33:19.

Со по две победи и без ниту еден пораз во водство се Еурофарм Пелистер и Вардар, двата најголеми конкуренти за место во финалето.

Распоред за утре:
Охрид – Еурофарм Пелистер 2
Струга – Еурофарм Пелистер
Вардар – Бутел. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close