Кошарка

Убедлив пораз на македонските кадети од хрватската кошаркарска репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 година загуби од соодветната хрватска селекција со 98:47 на првиот пријателски натпревар одигран вчера во Дарувар.

Дарувар, 23 јули 2021 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација до 16 година загуби од соодветната хрватска селекција со 98:47 на првиот пријателски натпревар одигран вчера во Дарувар.

Андреј Шошкиќ со 16 и Марко Лукановски со 14 постигнати поени беа најефикасни помеѓу избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ.

Двете селекции денес од 18 часот ќе одиграат уште еден натпревар, исто така во Дарувар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close