КошаркаСпорт

Убедлив пораз на Куманово во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово претрпеа висок пораз вечерва на домашен терен од бугарскиот тим Академик со 87:70 во премиерниот натпревар од втората фаза во регионалната БИБЛ лига.

Куманово, 3 март 2021 (МИА) – Кошаркарите на Куманово претрпеа висок пораз вечерва на домашен терен од бугарскиот тим Академик со 87:70 во премиерниот натпревар од втората фаза во регионалната БИБЛ лига.

Куманово лошо ги одигра воведните две четвртини, постигнувајќи само 22 поени, и на полувреме имаше негатива од 15 кошеви (37:22).

Трета четвртина донесе поинаква слика на паркетот и откако Куманово ја реши во своја корист со 30:19 се доближи на само четири поени негатива на осум минути пред крајот на натпреварот.

Сепак, бугарскиот тим брзо ја врати двоцифрената предност и забележа убедлива победа на гостувањето во Куманово.

Македонскиот тим во следниот натпревар од вториот дел во групната фаза во регионалната кошаркарска лига го пречекува израелскиот тим Хапоел Холон на 12 март. ег/оџ

 

Back to top button
Close
Close