СветСвет.Портал

Уапсени 40 учесници во заложничката криза недалеку од Јоханесбург

Во полициска операција против вооружените киднапери кои држеа заложници во евангелистичка црква недалеку од Јоханесбург, уапсени се 40 осомничени, а запленети се парчиња 40 оружје.

Јоханесбург, 11 јули 2020 (МИА) – Во полициска операција против вооружените киднапери кои држеа заложници во евангелистичка црква недалеку од Јоханесбург, уапсени се 40 осомничени, а запленети се парчиња 40 оружје.

За време на акцијата на напаѓачите загинале пет лица, а голем број верници беа задржани во црквата, кои подоцна беа ослободени, се вели во полициското соопштение.

Како можен мотив за нападот се спомнува борбата за контрола над црквата помеѓу двете ривалски фракции на пентекосталната евангелистичка црква, јавија локалните медиуми.

Полицијата спроведува интензивна истрага за заложничката криза за да ги утврди вистинските мотиви на напаѓачите. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close