Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Уапсен уште еден американски војник за шпионажа 

Поранешен вработен во специјалните сили на САД „зелени беретки“, Питер Дебинс, е приведен под сомнение заговор со руски разузнувачи, изјави синоќа американското Министерство за правда.  

Вашингтон, 22 август 2020 (МИА)Поранешен вработен во специјалните сили на САД „зелени беретки“, Питер Дебинс, е приведен под сомнение заговор со руски разузнувачи, изјави синоќа американското Министерство за правда.  

Обвинителството се сомнева дека на руските разузнувачи тој предавал податоци за специјалните сили на САД, и контакти за врбување на американски воени лица. 

Според обвинителството, Дебинс, наводно, соработувал со странски специјални служби од 1996 до 2011 година. Истовремено, редовно патувал за Русија. Од руската разузнавачка служба во 1997 година добил шифрирано име и потпишал изјава дека сака да ѝ служи на Русија. 

Меѓутоа, од 1998 до 2005 година, Дебинс служел во армијата на САД, на почетокот во хемиската единица, а потоа како специјалец до добивање чин капетан. Според обвинителството, тој ги одбрал специјалните сили по совет од руските агенти.

-Кога воени службеници се инволвираат за снабдување доверливи информации на нашите странски непријатели, тие ги изневеруваат заклетвите кои ги дале на својата земја и новните колеги, изјави синоќа Закари Телвигер, обвинител на источниот дистрикт на Вирџинија.  

Додаде дека за такви индивидуи правдата ќе биде брза и ефикасна.  

Дебинс, наводно, предавал лична податоци за негови колеги, за агентите да определат дали се подобни за врбување. Во случај судот да го прогласи за виновен офицерот се соочува со доживотен затвор.

Ова е веќе трето апсење на американско воено лице во изминатите два месеца по основано сомнение за шпионажа.  

Претходно, за предавање на доверливи информации беше обвинет  Чарлс Бригс, старешина на воено-морските сили на САД. На 18 август беше приведен екс-вработен во ЦИА под сомнение дека работел за Кина. кб/сд/ 

Back to top button
Close
Close