СветСвет.Портал

Уапсен бразилскиот „крал“ на кокаинот

После 20 години бегство, во еден луксузен хотел во Мапуто, главниот град на Мозамбик, е уапсен еден од најбараните криминалци во Бразил.

Рио Де Женеиро, 15 април 2020 (МИА) – После 20 години бегство, во еден луксузен хотел во Мапуто, главниот град на Мозамбик, е уапсен еден од најбараните криминалци во Бразил.

Жилберто Апаресидо дос Сантос (49), наречен „Фумињо“, кој е упасен заедно со уште двајца соучесници од Нигерија, е обвинет за организирање трговија со дрога за еден од најмоќните бразилски картели.

Апсењето го спровеле Интерпол, американски служби против трговија со дрога и бразилската федерална полиција.

„Фумињо“, кој наводно е водач на наркобандата First Capital Command (ПЦЦ) со седиште во Сао Паоло, е обвинет за испорака тони кокаин низ целиот свет.

– Затвореникот се сметаше за најголем снабдувач на кокаин на банда која работи во цел Бразил, како и дека е одговорен за испраќање тони дрога во неколку земји, се вели во соопштението на бразилската полиција. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close