СпортФудбал

У21: Македонските надежи против Франција на стартот на евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го дозна распоредот на натпреварите во квалификациите за пласман на Европското првенство, што беше утврден со жрепка од страна на УЕФА.

Скопје, 6 февруари 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го дозна распоредот на натпреварите во квалификациите за пласман на Европското првенство, што беше утврден со жрепка од страна на УЕФА.

Македонската репрезентација е во група со Франција, Србија, Украина, Фарски острови и Ерменија, а избраниците на селекторот Благоја Милевски квалификацискиот циклус ќе го започнат со гостување кај првиот фаворит во групата, селекцијата на Франција, на 2 септември.

Распоред на натпревари на македонската репрезентација:

02.09.2021 Франција – Северна Македонија

07.09.2021 Северна Македонија – Србија

07.10.2021 Фарски острови – Северна Македонија

12.10.2021 Еремнија – Северна Македонија

11.11.2021 Северна Македонија – Украина

16.11.2021 Северна  Македонија – Франција

24.03.2021 Србија –  Северна Македонија

29.03.2022  Северна Македонија – Фарски острови

01.06.2022  Северна Македонија – Ерменија

07.06.2022 Украина – Северна Македонија

ег/ки

Back to top button
Close
Close