0_Магазин.ПорталЗанимливости

Њујорк воведува електрични велосипеди за достава

Доставните претпријатија на Амазон, УПС и ДХЛ ќе ја поддржат шестмесечната пробна програма на њујоршкиот Оддел за сообраќај, и тоа онаму каде што движењето е најгусто.

Њујорк, 6 декември 2019 (МИА) – Властите во Њујорк неделава објавија план за воведување електрични товарни велосипеди коишто треба да ги заменат возилата за достава кои ја загадуваат околината.

Доставните претпријатија на Амазон, УПС и ДХЛ ќе ја поддржат шестмесечната пробна програма на њујоршкиот Оддел за сообраќај, и тоа онаму каде што е најфреквентно, пишува „Њујорк тајмс“.

Други поголеми градови, како Париз, Лондон и Хамбург веќе имаат воведено електровелосипеди за достава. си/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close