Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Њујорк тајмс: САД нема да бидат влучени во првата група земји со кои ЕУ ќе ги отвори границите

САД нема да бидат вклучени во првата група земји со кои ЕУ повторно ги воведува патувањата поради неуспехот на Вашингтон да ја контролира заразата, се наведува во нацрт-документ до кој дојде Њујорк тајмс.

Вашингтон, 23 јуни 2020 (МИА) – САД нема да бидат вклучени во првата група земји со кои ЕУ повторно ги воведува патувањата поради неуспехот на Вашингтон да ја контролира заразата, се наведува во нацрт-документ до кој дојде Њујорк тајмс.

Отварањето на надворешните граници на ЕУ е дел од рестартирањето на протокот на луѓе, стоки и услуги внатре во Унијата, по неколку месечниот карантин воспоставен од властите на земјите членки поради пандемијата на коронавирус.

Оваа можност, коментира весникот, ги прави непожелни посетителите од САД и ги става во иста група со Русите и Бразилците. Тоа, исто така, е удар врз американсиот престиж во светот и отфрлање на претседателот Доналд Трамп околу тоа како се справи со коронавирусот во земјата во која моментално има над 2.3 милиони заболени, додека над 120.000 починаа.

Според весникот, во Брисел засега се разгледуваат две листи на земји чии посетители се прифатливи за ЕУ и се базирани на тоа како земјите се справиле со вирусот. Двете листи ги вклучуваат Кина, како и некои земји во развој како Уганда, Куба и Виетнам.

Патниците од САД и остатокот на светот, засега, се исклучени од тие листи и не можат да патуваат во ЕУ, со исклучок на репатријации или „неодложни патувања“.

Весникот дознава дека конечната одлука за повторно отварање на надворешните граници на ЕУ ќе биде донесена на почетокот на идната недела. Своите внатрешни граници Унијата планира да ги отвори на 1 јули.

Весникот наведува дека забраната за патувања на Американците во ЕУ би можело да има крупни сложени економски, културни и геополитички последици.

-Милиони американски туристи ја посетуваат Европа секое лето. Бизнис патувањата се постојани, со оглед на големите економски врски меѓу САД и ЕУ. кб/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close