СветСвет.Портал

„Њујорк тајмс“ ги поддржа Варен и Клобучар за демократска номинација

Тоа е првпат весникот да избере два кандидата

Вашингтон, 20 јануари 2020 (МИА) – Американскиот весник „Њујорк тајмс“ вчера ги поддржа сенаторките Ејми Клобучар и Елизабет Варен за демократската претседателска номинација.

Тоа е првпат весникот да избере два кандидата.

Изборот на либералниот „Њујорк тајмс“ се случува само неколку недели пред изборот за претседателска номинација во Ајова, закажан на 3 февруари, со што официјално почнуваат претседателските предизбори.

Весникот ја опишува сенаторката Варен од Масачусетс како „радикален“, а сенаторката Клобучар од Минесота како „реалистичен“ избор.

– Во текот на темелната дебата помеѓу двете визии би можела да се дефинира иднината на (Демократската) партија, а можеби и на земјата… И радикалниот и реалистичниот модел заслужуваат сериозно разгледување… Затоа ги поддржуваме Ејми Клобучар и Елизабет Варен, истакна „Њујорк тајмс“. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close