Кошарка

Њујорк Никс продолжува да биде најскапиот тим во НБА

Никс е најскапиот тим во НБА веќе четврта година по ред. Екипата, сепак, се претставува многу лошо во Лигата и има само 10 победи во сезоната и 43 порази.

Њујорк, 7 февруари 2019 (МИА) – Њујорк Никс продолжува да биде најскапиот тим во НБА, според годишното истражување на магазинот „Форбс“.

Според магазинот, цената на Никс е 4 милијарди долари, што е за 11 отсто повеќе од претходната година. Растот се должи главно на реновирањето на легендарната „Медисон Сквер Гарден“, завршено во 2013 година, што доведе до голем број на нови приходи.

Никс е најскапиот тим во НБА веќе четврта година по ред. Екипата, сепак, се претставува многу лошо во Лигата и има само 10 победи во сезоната и 43 порази.

На второто место во рејтингот на „Форбс“, е најуспешниот тим во Западната конференција (историски гледано), Лос Анџелес Лејкерс.

Лејкерс се проценува на 3,7 милијарди долари, што е за 12 отсто повеќе од минатата година.

Во топ 5 се уште Голден Стејт, кои се проценети на 3,5 милијарди долари, Чикаго Булс (2.9 милијарди долари) и Бостон Селтикс (2.8 милијарди долари).

Просечната цена на НБА тим изнесува 1.9 милијарди долари, што е за 13 отсто повеќе од минатата година.вз

Таг
Back to top button
Close
Close