Дописници МКДОпштество

УЈИЕ организираше научна конференција „Владеење на правото, управување и општество“

На научната конференција „Владеење на правото, управување и општество“ организирана од Правниот факултет и Факултетот за современи општествени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа во четири сесии се презентирани научни трудови. Темите на трудовите беа насловени „Владеењето на правото и човековите права во време на пандемија“, „Предизвици и можности за управување во ерата на пандемијата“; „Нова општествена нормалност“ и „Спроведување на правдата во времето на пандемијата“.

Тетово, 1 март 2021 (МИА) – На научната конференција Владеење на правото, управување и општество“ организирана од Правниот факултет и Факултетот за современи општествени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа во четири сесии се презентирани научни трудови. Темите на трудовите беа насловени „Владеењето на правото и човековите права во време на пандемија“, „Предизвици и можности за управување во ерата на пандемијата“; „Нова општествена нормалност“ и „Спроведување на правдата во времето на пандемијата“.

Дали владите наоѓаат вистинска рамнотежа помеѓу јавното здравство и владеењето на правото, или одат многу подалеку? Ова беше едно од прашањата на кои научниците од различни универзитети од земјава и од регионов се обидоа да одговорат на Втората меѓународна научна конференција за правни и општествени науки. Учесниците на конференцијата презентираа научни трудови и демонстрираа добри практики на владеење на правото и управување во време на пандемија, информираат од УЈИЕ.

Главни говорници на конференцијата беа: проф. Рудина Јасини од Правниот факултет на Универзитетот во Оксфорд и проф. Анамарија Муса од Правниот факултет на Универзитетот во Загреб. Деканот на Правниот факултет, проф. д-р Аднан Јашари и деканот на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мемет Мемети. ас/ки/

Таг
Back to top button
Close
Close