0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

УЈИЕ и ДУТ во Тетово на второ и трето место меѓу македонските високообразовни установи на листата на Вебометрикс

Двата универзитета од Тетово се најдоа на второто (УЈИЕ) и третото место (ДУТ) од универзитетите во земјава, според рангирањето на високообразовни институции за 2020 година на Вебометрикс-рангирање универзитети, иницијатива на лабораторијата „Киберметрика“, истражувачка група од Шпанија.

Тетово, 3 февруари 2021 (МИА)Двата универзитета од Тетово се најдоа на второто (УЈИЕ) и третото место (ДУТ) од универзитетите во земјава, според рангирањето на високообразовни институции за 2020 година на Вебометрикс-рангирање универзитети, иницијатива на лабораторијата „Киберметрика“, истражувачка група од Шпанија.

На првата позиција е Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје. Покрај на национално ниво, има и рангирање на над 30 илјади универзитети на светот,  според научно влијание, извонредност и отвореност на установите.

Од Универзитетот на Југоисточна Европа, кој е позициониран на второ место, велат дека за 20 години постоење секогаш воделе политика на континуирано прилагодување кон меѓународните трендови на управување и квалитетна испорака на сите нивоа.

Во споредба со 2016 година, кога УЈИЕ беше рангиран на 7741 место во светот, во 2020 година забележа голем скок од 3283 места и сега е рангиран на 4458 место, и највисоко рангиран универзитет во регионот според академските перформанси. Универзитетот на Југоисточна Европа постигна позитивни резултати според сите показатели, почнувајќи од присуството, видливоста, бројот на цитати и објавувањето на научни трудови на академскиот кадар, посочуваат од УЈИЕ.

Од Универзитетот во Тетово велат дека во рангирањето на Вебометрикс ДУТ се искачи на третата позиција на национално ниво, додека на светско ниво се искачи за 1020 места и се наоѓа на позицијата 4677 на глобално ниво. ас/хс/

Back to top button
Close
Close