БизнисДописници МКДЕкономија

Тутунарите во редици пред банките за субвенциите

Тутунарите од Прилеп, Долнени и Кривогаштани во редици пред банките трпеливо ги подигнуваа субвенциите за тутунот од ланската реколта. Тие, како што велат, се дојдени навреме затоа што почнаа работите во полето за новата реколта тутун. Единствено се загрижени како ќе биде со вонредните ситуации и ангажманот на аргати за работа во полето.

Прилеп, 21 април 2020 (МИА) – Тутунарите од Прилеп, Долнени и Кривогаштани во редици пред банките трпеливо ги подигнуваа субвенциите за тутунот од ланската реколта. Тие, како што велат, се дојдени навреме затоа што почнаа работите во полето за новата реколта тутун. Единствено се загрижени како ќе биде со вонредните ситуации и ангажманот на аргати за работа во полето.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, од преку 30 милиона евра субвенции за македонските тутунари, околу половината се за тутунарите во Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

-Од преку 30 милиона евра за субвенции, над 14 милиона евра се за преку 10.000 тутунари во Прилеп, Долнени и во Кривогаштани. Ги замолувам тутунарите за трпение поради вонредните состојби за подигнување на субвенциите. Денеска е според азбучен ред, први се оние кои презимињата им почнуваат на А, Б, В, Г и Д, изјави Пачешкоски.

Во тек е расадопроизводството и склучувањето договори со откупувачите за новата реколта тутун. Интересот е зголемен за 10-ина проценти и тоа кај младите земјоделци.

– Досега имаме примено пријави на околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун. Лани имаше околу 7.500 хектари со тутун, годинава очекуваме за 500 хектари повеќе. Тутунопроизводството моментално, е исплатливо. Инаку, од подрачната единица се подигнуваат решенија, а со откупувачите тутунарите склучуваат договор, истакна Паческоски.

Ланската реколта беше тешка околу 26.000 тони со просечна цена од 220 денари за килограм. Поради високиот квалитет, просечната субвенционирана цена е 72 денари за килограм откупен тутун. ем/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close