СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Турските сили собориле два сириска авиона над Идлиб

Турските сили соборија два авиона на сириските воено-воздухопловни сили во провинцијата Идлиб, јави сириската државна агенција Сана, цитирана од Тасс.

Дамаск, 1 март 2020 (МИА) – Турските сили соборија два авиона на сириските воено-воздухопловни сили во провинцијата Идлиб, јави сириската државна агенција Сана, цитирана од Тасс.

Според агенцијата, „силите на турскиот режим собориле два авиона на сириската владина армија во провинцијата Идлиб”.

Агенцијата забележува дека пилотите на двата авиона „се катапултирале и со падобранци се спуштиле на земја“. “

-Тие не се настрадани, посочува Сана.

Претходно единици на сириската армија во близина на градот Саракиб, во провинцијата Идлиб, собориле турски дрон, „што им припаѓал на терористичките групи“, јави агенцијата.

Сана пре два часа демантираше дека турските сили собориле сириски авион во провинцијата Идлиб. сд/

Back to top button
Close
Close