Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Турскиот Парламент ја осуди резолуцијата на американскиот Сенат за геноцидот врз Ерменците

Турскиот Парламент денеска објави декларација во која се осудува резолуцијата на американскиот Сенат за геноцидот врз Ерменците

Анкара, 13 декември 2019 (МИА) – Турскиот Парламент денеска објави декларација во која се осудува резолуцијата на американскиот Сенат за геноцидот врз Ерменците.

Според турскиот парламент резолуцијата на американскиот Сенат е неважечка бидејќи се запоставени основните правила на меѓународното право со отфрлање на историските факти.

Меклисот ги повика историчарите прецизно да ја информираат јавноста за последните случувања. Исто така се наведува и дека Турција ја отворила архивата за сите истражувачи, вклучително и Ерменците.

Американскиот Сенат вчера усвои резолуција со според која масовното убиство на Ерменците од страна на Османлиите пред еден век претставува геноцид.

Резолуцијата е предлог на демократскиот сенатор Роберт Менендез од Њу Џерси и републиканскиот сенатор Тед Круз од Тексас и со неа се потврдува дека геноцидот навистина се случил и Турција е одговорна за истиот. Таа веќе трипати беше одбиена на барање на Белата куќа, но вчера беше едногласно одобрена.

Турција со години лобира против американското признавање на геноцидот над Ерменците.
Арам Хампаријан, извршниот директор на Ерменскиот национален комитет во САД, турското повеќедецениско спротивставување на Резолуцијата го оцени како „најдолгото вето на американската надворешна политика“.

Според одредени историчари речиси милион и пол Ерменци се убиени во периодот од 1915 до 1917 година и го оценуваат за првиот геноцид во 20 век. Турција ја оспорува таквата квалификација тврдејќи дека цифрата на убиени е преувеличена, а убиените се всушност жртви на граѓанската војна. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close