БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Турскиот брод „Оруч Рејс“ излезе од грчкиот континентален гребен, но повторно се враќа назад

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“, кој според официјална Атина, се наоѓаше во грчкиот континентален гребен, доцна синоќа го напушти, се упати североисточно, но рано утрово го смени за 180 степени правецот и плови паралелно со текот од претходните денови, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 13 август 2020 (МИА) – Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“, кој според официјална Атина, се наоѓаше во грчкиот континентален гребен, доцна синоќа го напушти, се упати североисточно, но рано утрово го смени за 180 степени правецот и плови паралелно со текот од претходните денови, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, бродот плови во кипарската ексклузивна економска зона и во рамките на издадената турска навигациска инфрмација (Navtex), за која Грција смета дека е нелегална.

„Оруч Рејс“,го следат турски воени бродови, а во морскиот дел распоредени се и грчки сили.

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис во вчерашната порака до граѓаните рече дека „милитаризирањето од страна на Турција претставува признавање на непостоењето на силни правни позиции“ и додаде дека на распоредувањето на турската флота, Грција одговорила со својата, „поставувајќи ги во готовност вооружените сили“.

-Нека знаат сите: опасноста од несреќа демне кога толку воени сили се концентрирани на ограничен простор, а одговорноста во таков случај ќе јаима оној кој ги предизвикува овие услови, истакна грчкиот премиер.

Мицотакис додаде дека Грција „не се заканува, но и не се уценува и затоа и не потпаѓа под закани и уцени, ниту пак толерира провокативни активности“, упатувајќи порака дека ниту една провокација нема да остане неодговорена. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close