Дописници МКДОпштински вести

Турскиот амбасадор Секизкок ја посети Општина Струга

Соработката меѓу Северна Македонија и Турција и поддршката што и ја дава на државата биле тема на денешната средба во Струга на турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизкок со градоначалникот Рамис Мерко.

Струга, 31 мај 2021 (МИА) –  Соработката меѓу Северна Македонија и Турција и поддршката што и ја дава на државата биле тема на денешната средба во Струга на турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизкок со градоначалникот Рамис Мерко.

Струга и околината, според амбасадорот на Турција, имаат голем потенцијал за развој на туризмот и земјоделството, посочувајќи дека се подготвени за инвестиции и поддршка.

Градоначалникот Мерко, како што соопшти општинската прес-служба, посветил посебно внимание на Амамот во Струга и проектот за Саат кулата.

– Амамот е културно богатство, кое по секоја цена мора да се реконструира и да се отвори за граѓаните и посетителите, истакнал Мерко.

Општина Струга, има добра соработка, со ТИКА (Турска агенција за соработка и координација), а е збратимена со три општини во Република Турција. сс/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close