БалканБалкан.Портал

Турски воени авиони повторно го прекршиле грчкиот воздушен простор

Без претходно да достават план на летање, турски воени авиони Ф-16 денеска повторно го прекршиле грчкиот воздушен простор, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 2 јануари 2020 (МИА) – Без претходно да достават план на летање, турски воени авиони Ф-16 денеска повторно го прекршиле грчкиот воздушен простор, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, турските авиони четири пати прелетале над островите Панаја и Инусес во 9.47, во 13.29. 13.30 и 13.33 часот по локално време.

Турските авиони биле препознаени и пресретнати од грчките воени авиони. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close