Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Турски Ф-16 пет пати го прекршиле грчиот воздушен простор

За помалку од 40 минути, турски воени авиони, утрово пет пати го прекршиле грчкиот воздушен простор, прелетувајќи над островите Инусес и Панаја, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 11 февруари 2020 (МИА) – За помалку од 40 минути, турски воени авиони, утрово пет пати го прекршиле грчкиот воздушен простор, прелетувајќи над островите Инусес и Панаја, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Првата двојка турски Ф-16 била регистрирана во 9.47 часот утрово над двата грчки острови, на височина од 24 илјади стапки, а во следните 38 минути, сѐ до 10.25 часот, следеле уште четири други прелетувања, како од истиот, така и од друг пар Ф-16.

И вчера, во утринските часови, речиси во исто време како и денеска, биле регистрирани два случаи на прекршување на грчкиот воздушен простор.

Според онлајн изданието на весникот “Етнос”, од почетокот на годинава имало 69 прелетувања на турски воени авиони.ср/сд/

Back to top button
Close
Close