0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Турски државјанин осомничен за обид за убиство во Старата скопска чаршија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен државјанин на Република Турција со живеалиште во Скопје, кој е осомничен за кривично дело – Убиство, при што на 23 јуни, пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, по претходна расправија и физичка пресметка, се обидел да лиши од живот едно лице.

Скопје, 25 јуни 2021 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен државјанин на Република Турција со живеалиште во Скопје, кој е осомничен за кривично дело – Убиство, при што на 23 јуни, пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, по претходна расправија и физичка пресметка, се обидел да лиши од живот едно лице.

Како што информираат од Обвинителството, осомничениот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на наведената локација, го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Во еден момент, како што стои во соопштението, осомничениот извадил пиштол и испукал три проектили кон оштетениот, нанесувајќи му огнено-стрелни повреди во десната потколеница.

Дополнуваат дека бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци или да се обиде да го доврши кривичното длео, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​ ар/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close