0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција за кривично дело „фалсификување исправа“.

– Обвинетиот, на 10 септември, во постапката за продолжување дозвола за привремен престој на странец, пред службите на Министерството за внатрешни работи, употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена замена на оригиналната надворешна корица и на страницата со податоци, информираа од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд му предложил да определи притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин.​ см/сп/

Back to top button
Close
Close