Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Турската полиција им дозволи на адвокатите да го продолжат маршот до Анкара

Турските власти денеска им дозволија на групата адвокати да продолжат со симболичниот марш кон главниот град Анкара, со што го завршија нивниот судир со полицијата што траеше повеќе од 24 часа.

Анкара, 23 јуни 2020 (МИА) – Турските власти денеска им дозволија на групата адвокати да продолжат со симболичниот марш кон главниот град Анкара, со што го завршија нивниот судир со полицијата што траеше повеќе од 24 часа.

Претседателите на околу 60 регионални адвокатски асоцијации од Турција, во нивните професионални одори, заминаа за Анкара да протестираат против плановите на владата за промена на законите со кои се уредуваат адвокатската дејност и адвокатските комори, вклучувајќи го и начинот на кој здруженијата ги избираат своите претседатели, пренесоа американските медиуми.

Полицијата вчера ја блокираше групата адвокати на автопатот при влезот во Анкара, соопштувајќи дека маршот не е дозволен и дека ги крши мерките што се во сила заради пандемијата на коронавирусот.

По судирот меѓу полицијата и адвокатите, адвокатите го продолжија својот мирен протест, седејќи на земја во текот на ноќта под силниот пороен дожд.

Полицијата денеска ги отстрани барикадите и им дозволи на адвокатите да прошетаат околу 300 метри до градот. Потоа со автобус беа однесени во мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, каде му оддадоа почит на основачот на Република Турција. сд/

Back to top button
Close
Close