0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерТенис

Турнирот во Акапулко во 2021 година ќе се одржи само во машка конкуренција

Турнирот во Акапулко, кој традиционално се одржува во мешан формат веќе две децении, следната година ќе биде без тенисерките.

Акапулко, 26 август 2020 (МИА) – Турнирот во Акапулко, кој традиционално се одржува во мешан формат веќе две децении, следната година ќе биде без тенисерките.

Организаторите соопштија дека кризата со коронавирус ги попречува преговорите со партнерот „Октагон“ кој е сопственик на франшизата на ВТА.

Покрај тоа, поради пандемијата, изградбата на нови терени беше суспендирана и мечевите ќе се играат во поранешниот спортски комплекс. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close