0_Магазин.ПорталПатувања

Туристите ќе можат да ја посетат Ибица само со сертификат „Ковид-19 фри“

Туристите кои ќе сакаат да ја посетат Ибица, ќе мора да имаат „Ковид-19 фри сертификат“, за да докажат дека не се инфицирани, изјави денеска претседателот на Советот на островот, Винсент Мари

Ибица, 28 мај 2020 (МИА) – Туристите кои ќе сакаат да ја посетат Ибица, ќе мора да имаат „Ковид-19 фри сертификат“, за да докажат дека не се инфицирани, изјави денеска претседателот на Советот на островот, Винсент Мари.

Мари додаде дека овие сертификати ќе бидат основен дел од континуираната борба на Шпанија против новиот коронавирус ова лето, кога ќе почне сезоната за туристите.

Шпанскиот премиер Педро Санчес, претходно изјави дека странските туристи ќе можат да доаѓаат во Шпанија од јули.

Ибица е омилена дестинација на Британците, кои генерираат четвртина од вкупниот приход на Островот, а ноќните клубови се очекува да бидат отворени за странските туристи по укинувањето на карантинот. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close