БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Туристичка кампања за промоција на грчките острови погодени од мигрантските и бегалските бранови

Кампањата за промоција на Лезбос, Самос, Хиос, Лерос и Кос, како во внатрешноста на земјата, така и во странство, а во висина од два милиони евра, ја испраќа пораката дека секој остров е посебен, со своја уникатна приказна.

Атина, 17 јули 2020 (МИА) – Зајакнување на сликата на грчките острови погодени од бегалската и мигрантската криза е целта на туристичката кампања на Грчката туристичка организација, а финансиски поддржана од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Кампањата за промоција на Лезбос, Самос, Хиос, Лерос и Кос, како во внатрешноста на земјата, така и во странство, а во висина од два милиони евра, ја испраќа пораката дека секој остров е посебен, со своја уникатна приказна.

– Лезбос се поврзува со традицијата, Хиос со истражувањето, Самос со природата и светлината, Кос со историјата, а Лерос со бескрајното синило, соопштуваат од министерствата за туризам и за миграција и азил во врска на новата кампања. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close