БалканБалкан.Портал

Турција затвора 30 големи градови поради коронавирусот

Се забранува влез и излез од 30 големи градови во Турција во траење од 15 дена, објави на Твитер во своето обраќање до нацијата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Анкара, 4 април 2020 (МИА) – Се забранува влез и излез од 30 големи градови во Турција во траење од 15 дена, објави на Твитер во своето обраќање до нацијата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Најважна е изолацијата, но се забележуваат прекршувања. Затоа е наложено да се премине од доброволна во задолжителна изолација. Од вечерва во следните 15 дена се забранува влез и излез во 30 големи градови на Турција. Се забранува и излегување на улиците за лица под 20-годишна возраст и сите треба да носат заштитни маски на јавните места, истакна Ердоган.

Претходно турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека бројот на заразени лица во земјата за едно деноноќие се зголемил од 18.135 на 20.921, а бројот на смртни случаи достигнал вкупно 425 луѓе. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close