СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Турција соборила уште еден сириски авион над Идлиб

Турција соборила уште еден авион на сириските владини сили над Идлиб, соопшти денеска турското Минстерство за одбрана.

Истанбул, 3 март 2020 (МИА) – Турција соборила уште еден авион на сириските владини сили над Идлиб, соопшти денеска турското Минстерство за одбрана.

Министерството наведува дека е соборен воен авион „Л-39“, во рамките на турската офанзива „Пролетен штит“.

Веста за соборување на авион ја потврди и сириската државна агенција САНА.

Турција, во неделата, исто така, собори два авиона „л-37’ на сириските воено-воздухопловни сили кај Идлиб.

По оваа вест, сириската Влада во неделата го затвори воздушниот простор на провинцијата Идлиб, соопштувајќи дека секое летало ќе го смета за непријателски објект. сд/

Back to top button
Close
Close