Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Турција подготвена да соработува со сите страни заради обнова на мирот на Блискиот Исток

Соработката на Турција со различни актери покажува дека земјата е искрена во врска со нејзините намери да го врати мирот на Блискиот Исток, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Светскиот економски форум во Давос.

Анкара, 22 јануари 2020 (МИА) – Соработката на Турција со различни актери покажува дека земјата е искрена во врска со нејзините намери да го врати мирот на Блискиот Исток, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Светскиот економски форум во Давос.

– Нашата соработка со Русија јасно покажува дека сме подготвени да соработуваме со секого за да го вратиме мирот на Блискиот Исток, рече Чавушоглу, осврнувајќи се на дипломатските напори на Турција за обезбедување мир во Либија и Сирија преку политички процес.

Тој истакна дека Турција била поттикната да работи со Русија, откако европските сојузници не успеале да соработуваат за „најгорливите прашања“ на Блискиот Исток.

Чавушоглу рече дека иако сите засегнати страни ветиле заложба за одржливо примирје, генералот Хафтар Калифа не го потпиша договорот за прекин на огнот во Москва.

Во врска со ситуацијата во Идлиб, Чавушоглу рече дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги зголемува нападите, влошувајќи ја тамошната хуманитарна криза. – Во Идлиб, ние соработуваме со Русија за да обезбедиме запирање на воените дејствија, но не е лесно да се одржи, рече Чавушоглу. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close
Close