Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Турција одлучна да го уништи „терористичкиот коридор“ во Сирија

Турција е одлучна да го уништи „терористичкиот коридор“ источно од реката Еуфрат во Сирија, без разлика како ќе завршат преговорите со САД за планираната безбедносна зона во северниот дел од земјата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Анкара, 26 јули 2019 (МИА) – Турција е одлучна да го уништи „терористичкиот коридор“ источно од реката Еуфрат во Сирија, без разлика како ќе завршат преговорите со САД за планираната безбедносна зона во северниот дел од земјата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Оние кои им ја даваат својата доверба на странските сили во регионот, ќе бидат ставени под земја. Ќе најдеме трајно решение за тероризмот, истакна Ердоган пред членовите на неговата Партија за правда и развој.

Турција ги зајакна предупредувањата во последните денови за можен упад во северниот дел на Сирија, додавајќи дека веќе нема трпение да разговара со Вашингтон за безбедносната зона и оти ќе започне своја операција доколку не биде постигнат договор. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close