СветСвет.Портал

Турција очекува Русија да ги запре нападите на сириските сили

Турција очекува Русија да ги запре нападите на сириските владини сили во провинцијата Идлиб во северозападниот дел на земјата, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека Анкара мора да работи со Москва за решавање на проблемите во регионот.

Анкара, 6 февруари 2020 (МИА) – Турција очекува Русија да ги запре нападите на сириските владини сили во провинцијата Идлиб во северозападниот дел на земјата, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека Анкара мора да работи со Москва за решавање на проблемите во регионот.

Тој прецизираше дека Турција очекува од државите кои се гаранти на сириската Влада да ги запрат нападите.

– Ја пренесовме решеноста на нашите руски партнери да ја запреме хуманитарната драма во Идлиб, рече Чавушоглу.

Во ракетните напади на сириските владини сили во понеделникот загинаа осуммина турски војници и друг персонал, а турските воздухопловни сили и артилерија одговорија следниот ден со 54 напади врз цели во Идлиб, во кои загинаа 76 сириски војници.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се закани дека ќе употреби сила против сириските владини сили, освен ако не се повлечат до крајот на месецот на претходно договорена линија за прекин на огнот во северна Сирија. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close