БалканБалкан.Портал

Турција: Неутрализирани над 100 сириски војници

Турција денеска објави дека „неутрализирала“ повеќе од 100 припадници на сириските владини сили како одговор на сириското гранатирање во кое загинаа петмина турски војници во северозападна Сирија.

Анкара, 10 февруари 2020 (МИА) – Турција денеска објави дека „неутрализирала“ повеќе од 100 припадници на сириските владини сили како одговор на сириското гранатирање во кое загинаа петмина турски војници во северозападна Сирија.

„Според нашите извори, неутрализирани се 101 припадник на режимските сили, уништени се три тенкови и два топови и еден хеликоптер е соборен“, соопшти турското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека Турција вечерва продолжува да ги гранатира сириските позиции. зш/

Back to top button
Close
Close