Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Турција: Најмалку осум загинати во земјотресот, 21 повреден

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека во земјотресот што се случи на турско-иранската граница загинале осум лица, додека 21 лице се повредени, јави Анадолија.

Анкара, 23 февруари 2020 (МИА) – Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека во земјотресот што се случи на турско-иранската граница загинале осум лица, додека 21 лице се повредени, јави Анадолија.

Коџа објави писмено соопштение во врска со земјотресот со јачина од 5,9 степени, што се случи на турско-иранската граница, во кое нагласи дека како резултат на тој земјотрес настаната е штета во подрачјето на Башкале во Ван.

Тој информираше дека на местото на настанот биле упатени 25 амбулантни возила, еден амбулантен хеликоптер и 13 тимови за спасување.

– Дваесет и еден наш граѓанин се повредени и пренесени во државната болница во Башкале. Осум од нив се наоѓаат во критична состојба, додека останатите се надвор од животна опасност, истакна министерот Коџа. зш/

Back to top button
Close
Close