СветСвет.Портал

Турција и Русија разговараат за безбедносна зона во Идлиб

Турција и Русија разговараат за воспоставување „безбедносна зона“ во северозападниот регион Идлиб во Сирија, каде раселените Сиријци би можеле да се засолнат во текот на зимата. Тоа го изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Aнкара, 15 јануари 2020 (МИА) – Турција и Русија разговараат за воспоставување „безбедносна зона“ во северозападниот регион Идлиб во Сирија, каде раселените Сиријци би можеле да се засолнат во текот на зимата. Тоа го изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

– Нападите на сириските владини сили во регионот продолжија и покрај прекинот на огнот што стапи на сила пред три дена, изјави Акар пред новинарите во Анкара.

Министерот за одбрана на Турција рече дека Турција не добила официјално барање во врска со повикот на ирачкиот Парламент на 5 јануари за повлекување на странските трупи. зш/

Back to top button
Close
Close